Од името на претседателот Обама и на американскиот народ, им го честитам Денот на независноста, 8-ми Септември, на граѓаните на Република Македонија, се вели во честитката на државниот секретар на САД, Џон Кери пренесена преку соопштението на амбасадата на САД во Македонија.
„Разновидноста на населението во Македонија е извор на сила, која продолжува да нуди идеи, енергија и мотивација и ја движи Македонија и целиот регион напред. Горди сме што во изминатите 23 години Соединетите Држави го поддржуваат развојот и транзицијата на Македонија. Остануваме посветени да и помогнеме на Македонија да го зајакне владеењето на правото, да промовира слобода на медиумите и да изгради силни демократски темели на едно инклузивно, мултиетничко општество. Им честитаме на сите граѓани на Македонија за сите постигнувања од независноста наваму. Ние се залагаме да работиме заедно кон демократска, безбедна и просперитетна иднина“, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!