| четврток, 6 декември 2018 |

Албанската Централна банка бара разрешување на шефот

адрианУправниот одбор на албанската централна банка предложил парламентот да го разреши од должност шефот на Банката Ардиан Фулани откако беше уапсен во врска со кражбата на 713 милиони леки (6,63 милиони долари) од трезорот.

Членовите на УО соопштија дека Фулани ги нарушил етичките правила и го нарушил угледот на Банката.

– Сметаме дека отсуството на шеф нема да предизвика иунституционален вакуум во водењето на Банката, бидејќи законот одобрува можност заменикот да преземе должност на шеф, се вели во соопштение од УО.

Елизабета Ѓони, заменик шеф сега ќе ја извршува должноста гувернер на албанската централна банка. Фулани беше уапсен во петокот под обвинене за злоупотреба на службена должност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top