Претседателот на Владата, Никола Груевски им го честита Денот на независноста-8 Септември на граѓаните на Република Македонија.
Во честитката се вели дека 8 Септември е празник кој претставува остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу генерации граѓани кои живеат со мислата за слободна и самостојна држава, но и ден со кој се празнува и мудрата одлука на огромното мнозинство граѓани кои заокружија ДА и се определија за самостојна Македонија.
– Оваа година се одбележуваат 23 години од независноста на државата, години низ кои граѓаните покажаа зрелост, мудрост и капацитет, години на предизвици, на успеси и премрежја, но и време низ кое покажавме како држава дека умееме да се носиме со големата одговорност да се управува со сопствената судбина, и да се носат самостојно одлуки. Денес Република Македонија има цврсто зацртани цели и визија. Нашата најголема задача е да го подобриме животот на граѓаните, да отвораме нови работни места, и да придонесеме за економски развој и општествен напредок кој државата ќе ја направи посилна, а граѓаните посреќни и сигурни. Тоа е задача во која сите треба да придонесуваме, но и наша обврска за идните поколенија, пишува во честитката на премиерот Груевски.
Се додава дека овој празник треба да не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале, но и да ни даде сила и мудрост да продолжиме понатаму.
– Меѓусебното почитување и единството е тоа што може да не однесе понапред и кон побрзо остварување на овие наши цели, бидејќи единството гради иднина. Секој од нас има сон и идеи за својата иднина, но она што е најважно е идејата за заедничка иднина. Идејата дека само сплотени во единство можеме заедно да изградиме сигурна иднина за успешна Македонија, истакнува Груевски во честитката по повод 8 Септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии