Надлежните здравствени служби на аеродоромот „Александар Велики“ во Скопје пред два дена поради констатирана зголемена температура и симптоми кои асоцираат на заразната болест ебола ставиле во карантин две лица од Нигерија кои како што објави порталот Охрид1 се студенти на Универзитетот за информатички технологии „Свети Апостол Павле “ во Охрид. Со нив од Нигерија допатувал уште еден колега – студент кај кого при прегледот не била констатирана температура или некој друг симптом и бил пуштен во Охрид. Но, како што дознава Охрид 1, и тој денеска поради контактите со нив итно е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


