| четврток, 6 декември 2018 |

„Народот е глуп“- СОРОС со говор на омраза го честита денот на независноста (фото)

Необразуван, некултурен, неинтелигентен. Глуп. Вака Владимир Милчин, Извршен директор на Фондација Отворено општество Македонија го доживува и јавно го опишува македонскиот народ во очи на 8 септември- Денот на независноста. Говорот на омраза не застанува од директорот на СОРОС во Македонија.

„Срамно и ненормално и пред се жално. Жално затоа што зборува за исклучително ниското ниво на култура на овој народ, зборува за нивото на интелегенција и зборува за нивото на знаење.
Не, не е шутрачки овој народ. Не е ни уплашен.
Вистината е многу поедноставна.
Овој народ е едноставно глуп. Како цепаница. Неделкана.“

Ова е коментарот на директорот на фондацијата СОРОС во Македонија на социјалните мрежи, а се однесува на веста за новите споменици.

najce

Неговиот став го пренесува и Мирјана Најчевска, уште еден мегафон и пропагатор на антимакедонските вредности. Таа не само што го поддржува, туку и повикува на рушење „на овој срам“. Ова пак не е прв пример Најчевска да повикува на насилство.

„Во било кој момент на денот и ноќта може да ме повиката за рушење на овој срам, на ова ругло, на ова измотавање со минатото, историјата и националното наследство“, коментира Најчевска.

najce 2

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top