Вчеравечер околу 21,00 часот на локалниот пат за с.Брест-с.Бродец, во близина на с.Бродец, се случила сообраќајна незгода во која униформиран полициски службеник, управувајќи полициско патничко моторно возило „дефендер“, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрво.
Во незгодата, со телесни повреди се здобил возачот и уште четири полициски службеници. Тројца од нив се пренесени во Градската болница „8-ми Септември“, од каде по укажаната лекарска помош двајца се пуштени на домашно лекување, додека третиот е задржан на лекување. Останатите сопатници се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, констатирани им се телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје. Од незгодата причинета е материјална штета од околу 80.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.