И покрај тоа што за него и за неговата партија актуелниот судски процес почна катастрофално поради урнатото тврдење дека премиерот Груевски бил дел од случајот Македонска банка, Зоран Заев сепак може да се радува што по неколкумесечна изолација повторно се појави во јавноста на колку-толку сериозни теми.
Освен „фејсбук политиката“ која што ја водеше за време на долгиот летен распуст, што си го дозволија највисоките членови на раководството на СДСМ на чело со лидерот, најзначајните остварувања на струмичкиот градоначалник годинава на кој се сеќаваат граѓаните е неговата маска на карневалот кој го организира и финансира самиот.
Во последниве 120 дена Заев ретко го имаше и во медиумите контролирани од опозицијата што е најдобар показател дали неговите потези биле соодветни за позицијата – лидер на опозиција, која што е од огромна важност во секоја друга држава освен во Македонија во последниве неколку години. Се поставува прашањето, дали воопшто Заев со сериозност ја сфаќа позицијата која ја има.
По кастастрофалниот пораз со над 200 илјди гласови кои му се случија на СДСМ, и конечното решение да се остане на кормилото на СДСМ по секоја цена, единствено што можеше да се очекува е лидерот на опозицијата веднаш по изборите да се закопа со работа, да посвети огромно внимание на реорганизирање на партијата, до последниот ешалон, како и да се посвети на изнаоѓање на нови кадровски решенија. Но, наместо тоа, се чини попривлечен му се виде одморот во Грција. Членството на СДСМ имаше уште едно изгубено лето и уште една одложена надеж дека работите во партијата ќе се подобрат. Сериозен проблем на Заев очигледно е потребата како да се сврти внимание. Несомнено СДСМ располага и со медиуми, како печатени така и електронски, но исто така располагаа и со финансии, впрочем самиот СОРОС на Владе Милчин чии активности се насочени кон промоција на опзициските политики и поддршка на ним наклонетите медиуми, располага со буџет од 5.200 000 евра годишно. Но, СДСМ одбра друго ниво на комуникација кое ги доведува до изолација.
За какво ниво на изолација се работи најдобро може да се види ако се анализираат неговите средби со странските фактори. Јавноста не била сведок на негова средба со некои од амбасдорите на најмоќните земји на светот со месеци ако се исклучат коктел -приемите како оној на американската амбасада за националниот празник 4 јули.
Лидерот на опозицијата уште полошо стои на надворешен план. Додека Груевски со неговите балкански колеги во Берлин разговараше за иднината на регионот и на Македонија со Ангела Меркел и Австрискиот премиер, Заев од Струмица договараше средба со дипломат од среден калибар од германското Министерство за надворешни работи со кого се сретна деновиве во Скопје. Заев се сретна со кинескиот амбасадор Вен Џеншун, додека Груевски за една година се сретна неколку пати со Кинескиот премиер Ли Кечијанг и со претседателот на Народна Република Кина Си Џинпинг.
За посета на Заев на некоја од соседните земји или на членките на ЕУ каде би разговарал на министерско или други високо ниво воопшто не станува збор. Дали причините за тоа се анемичноста на неговата партија, неговиот личен рејтинг и несериозност или недовербата што ја имаат странците во неговите капацитети еден ден да дојде до власт и да биде вистински партнер е помалку важно. За многумина ова се должи на фактот што странците не гледаат соговорник со кредибилитет од другата страна, личност на која може да се ослонат. За аналитичарите кои ја следат меѓунардоната сцена, средбите на лидер од опозиција со трет ешалон се свесен одговор на големите сили за нивото на комуникација кое тие сакаат да го водат и за степенот на доверба. Зоран Заев, од друга страна, не остава впечаток на црврст карактер и на човек кој може да поведе еволуција и нов квалитет во процесите. Тоа може да се види во неговата микро средина каде со безначителни промени и речиси истиот состав од неговиот претходник Црвенковски продолжи да ја води партијата. Но неослонливоста и несериозноста на Заев преставува проблм и за Македонија. Лидерот на опозицијата има иако помала но сепак значителна одговорност за процеите во државата. Насекаде тој е личност кој треба да биде најдобрата алтернатива на власта и човек кој треба да има цврст став за најважните прашања. Најважно е што Македонија за разлика од сите земји ленки на ЕУ па дури и на нашите соседи кои што не се дел од унијата, не може да смета на првиот човек на опозицијата како на сериозен играч кој што во даден момент би бил од корист за државата и граѓаните, што за жал го препознаваат и странците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.