| четврток, 6 декември 2018 |

Повредените од сообраќајката кај Демир Хисар на домашно лекување

Пет туристи од Турција кои вчера беа лесно повредени во сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот патен правец Демир Хисар-Кичево, помеѓу населените места Сопотница и Жван, кај местото викано „Грбла“, утрово се пуштени на домашно лекување.

Портпаролот на Клиничка болница-Битола Јагода Стојановска потврди дека по укажаната итна медицинска помош турските државјани се чувствувале добро, а утрово се пуштени на домашно лекување.

– Сите пет лица беа примени со лесни телесни повреди и без опасност по нивниот живот. По укажаната лекарска помош и извршените здравствени контроли, странските државјани утрово ја напуштија болницата и се на домашно лекување, истакна портапролот Стојановска.

Како што е познато, вчера на регионалниот патен правец Кичево-Демир Хисар се случи сообраќајната несреќа во која учествуваа автобус со скопски регистарски таблици и товарно возило камион со приколка со тетовски регистерски таблици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top