| четврток, 6 декември 2018 |

Единаесет репрезентации обезбедија втора фаза на Светското првенство во одбојка

Со натпреварите одиграни синоќа беше комплетирано 4.коло од групната фаза на Светското првенство во одбојка што се одржува во Полска и досега се познати 11 репрезентации кои ќе ги продолжат натпреварите во следната фаза, а
тоа се: Полска, Аргентина, Србија (А група), Бразил, Германија (Б група), Русија, Бугарија, Канада, Кина (Ц група), Франција и Иран (Д група).

По денешните натпревари ќе бидат познати и другите пет селекции, кои ќе играат во втората фаза.

Двојки од 5.коло:

А група: Австралија – Венецуела, Полска – Аргентина, Србија – Камерун.
Табела: Полска 12 бода, Аргентина 9, Србија 9, Австралија 3, Венецуела 3, Камерун 0.

Б група: Тунис – Финска, Германија – Јужна Кореја, Бразил – Куба.
Табела: Бразил 11, Германија 9, Куба 6, Финска 5, Јужна Кореја 4, Тунис 1.

Ц група: Египет – Мексико, Канада – Кина, Русија – Бугарија.
Табела: Русија 12, Бугарија 9, Канада 8, Кина 6, Египет 1, Мексико 0.

Д група: Франција – Белгија, Иран – Порторико, Италија – САД.
Табела: Франција 10, Иран 8, САД 6, Италија 5, Белгија 4, Порторико 3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top