Три лица загинаа, а половина Бугарија е под вода по вторите големи поплави оваа лето, пренесуваат бугарските медиуми.
Најпогодени од кризата се областите Бургас, Стара Загора и Хасково, каде во дел од општините е прогласена вонредна состојба, а материјалната штета допрва ќе се проценуваат информираат од кризниот штаб.
Пожарникари, спасувачи и полицајци вршат спасувачки и итни активности во повеќе од 70 населени места. Досега се евакуирани над 80 лица и биле изведени делумно луѓето од 5 населени места. Два брана – над селата Странско и Тракија, ги пробиле насипите. Во спасувачките активности учествуваат и 2 хеликоптери, обезбедени од Министерството за одбрана, како и воена единица од Стара Загора.
Ден на жалост е прогласен на 8 септември во Бургас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





