Американска глобална компанија од секторот за аутсорсинг летово одлучи да инвестира во Македонија, со што ќе се отворат за почеток 300 работни места. Од нив најмногу ќе бидат високообразувани лица со познавање на странски јазици, а не се исклучуваат и повратници што работеле во странство, а имаат искуство со јазици, посочува премиерот Никола Груевски за Република во делот на интервјуто посветен на странските директни инвестиции.
Груевски, како и до сега, почитувајќи ја деловната етика, не објавува имињата на компаниите пред тие самите да ја објават одлуката за инвестиција во јавноста.
– Но, можам да кажам, или да скицирам околу оваа тема неколку податоци, кои, од една страна, нема да ја загрозат бизнис-етиката и деловната доверба што ја имаме со овие компании, но, од друга страна, ќе значат нови позитивни вести за нашите граѓани и за економијата- додава Груевски за Република.
Меѓу низата компании кои одлучиле да инвестираат во Македонија, односно ја оцениле како најповолна дестинација за нивниот бизнис и се очекува да објават и официјално во јавноста дека влегуваат во Македонија, е и една американската глобална компанија од секторот за аутсорсинг.
-Американска глобална компанија од секторот за аутсорсинг реши летово да прави експанзија во Македонија. Фирмата планира во краток рок од две-три години да отвори нови 300 работни места, а во подолг рок може тоа да се зголеми до 1.000 нови работни места. Компанијата е глобална, со повеќе од една милијарда американски долари годишен обрт и има локации на повеќе места низ светот и низ Европа. Во Македонија, експанзијата ќе биде во работни места за поддршка на клиенти со застапување на западноевропските јазици, како англиски, германски, француски, италијански, па и некои од скандинавските јазици. Генерално, цел е да се вработуваат луѓе со завршен факултет, како и повратници што работеле во странство, а имаат искуство со јазици. Исто така, сѐ повеќе се обрнува внимание не само на познавањето на јазиците, туку и на технолошките вештини- додава Груевски за Република.
Во делот од интервјуто за „Република“ што се однесува на странските директни инвестиции, а кој утре ќе биде објавен на Република.мк, премиерот Груевски набројува повеќе компании кои што веќе донеле одлука да инвестираат во земјава, со што продолжува позитивниот бран инвестиции, но и нови вработувања и нови можности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии