Што е тоа што ги прави лошите момци толку неодоливи? Како постојано успеваат дапривлекуваат женско внимание? Има нешто во нив, тие се шармери, забавни се, ве смеам и прават да се чувствувате како принцеза… Барем некое време, а потоа неизбежно ќе ви го скршат срцето. Вистинската причина зошто сите жени паѓаат на вакви момци е проста, жените ги сакаат во својот живот. А, еве и зошто:
Сите сакаат самоуверени момци
Во секое средно училиште постои истото клише, тука се популарните момчиња, популарните девојки, бубалиците и децата кои не се вклопуваат. Меѓу популарните момчиња секогаш има еден во кој е затрескано цело училиште. Големи се шансите дека истиот тој, освен што е добар во спортови, знае се и сешто, и секогаш испаѓа најголем фраер меѓу другарите, исто така е и најголемиот кретен во училиштето. Но тоа не ги спречува девојките да цртаат срциња со неговите иницијали, додека си мечтаат за него на големиот одмор.
И сега премотајте ја лентата деценија по средното училиште, и заменете го популарното момче со момче кое го прави тоа што го сака, без да се извинува никому. Кретените наизглед се токму такви, сигурни во себе и самоуверено упатени кон својата цел, тие знаат што сакаат. Но кога ќе ги запознаете подобро сфаќате дека неговиот „јас знам што сакам и го прават тоа“ став е само одраз на неговата ароганција.
Жените сакаат предизвик
Како што вели Ријана, “Baby, you’re a challenge. Let’s explore your talent,” жените сакаат да веруваат дека можат да ги променат проблематичните мажи. Некои жени имаат комплекс на спасители и обично ги привлекуваат ист тип на мажи – мажи кои треба да ги надминат своите лоши навики и треба да бидат турнати во вистинската насока каде нивните добри страни ќе дојдат до израз.
Но кога возбудата дека имате „проектче“ ќе помине, останувате со скршено срце и со маж со кој не можете емотивно да се поврзете.
Општеството ви вели да ги посакувате
Со замислени ликови како Кристијан Греј од „50 нијанси на сиво“ и Господин Биг од „Сексот и градот“, опшеството ги охрабрува жените во нивната идеја да паѓаат на овие предизвици. Анастасија Стил на пример се вљубува во маж – поим за егоманијак кој сака да ја контролира. Приказната за невина жена која со помош на љубовта успева за промени скршен маж е толку возбудлива што жените сакаат да биде вистинита.
Господин Биг пак, беше предмет на интересен во текот на целата серија, а потоа дури и главен лик во филмот, кој мораше да биде направен за љубовната приказна да заврши среќно. Тој е тип на човек кој постојано се жали дека не може да се посвети на љубовта, но неговата самоуверена и шарматна персона ги натера сите девојки да мечтаат за својот Господин Биг. Жените едноставно го посакуваат и сакаат.
Ако книгите, телевизија и филмовите велат дека нема ништо лошо во тоа да вљубиш во кретен, тогаш веројатно е сосема во ред. Единствениот проблем е што нашите животи се реални, а не производ на нечија фантазија.
Тие никогаш нема да се врзат и вие сте ОК со тоа
Овие мажи веројатно никогаш нема да се посветат на долготрајна врска, и тоа е сосема во ред, бидејќи не би сакале секојдневно да се соочувате со таква драма, зар не? Исто како што мажите ги привлекуваат површни девојки, така и некои жени ги привлекуваат кретени затоа што тие одбиваат да погледат малку подлабоко во нештата.
Жените кои веруваат сакаат „само забава“ или врски кои не мора да водат никаде, се токму оние кои постојано паѓаат на ваков тип на момци.
Скриените проблеми „ве тераат“ да се вљубите во нив
Многу често жените кои имаат тенденција постојано да се вљубуваат во ваквите кретени имаат некаков скриен внатрешен проблем. Овие проблеми можат да преставуваат семејни проблеми или несигурност, меѓу другите нешта.
За овие жени тоа почнува да станува магичен круг во кој постојано трчаат по истите мажи, мажи кои нудат привремена привлечност, љубов и внимание, но набргу само додаваат материјал на проблемот кој и претходно ги обременувал. Се додека овие жени не го прифатат багажот кој го носат во својот живот и не ја надминат својата „кретенска“ фаза, тие ќе продолжат да потклекнуваат на ваквите заводници.
Не им го дозволувајте ова задоволство на кретените. Барајте нешто вистинско и запомнете дека понекогаш фините момчиња кои ја завршуваат трката последни се токму оние кои вреди да ги чекате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.