| четврток, 6 декември 2018 |

Алексеј Пушков: Разместување на силите на НАТО во Украина е директна објава на војна за Русија

Руската државна агенција ја пренесе изјавата на претседателот на надворешнополитичкиот одбор на руската Дума, Алексеј Пушков кој се сомнева дека САД ќе распореди бази на територијата на Украина. Според неговите зборови, теоретски тие тоа не можат да го направат на „билатерална основа“, без согласност од останатите земји-членки на НАТО.

-Меѓутоа коа е „казус бели“ (правен термин кој означува формален повод за состојба на војна), директна закана за Русија, рече Пушков за телевизискиот канал „Русија 24“.

Според неговите зборови „од Русија нема закана за САД“, а  приближувањето на американската инфраструктура кон Русија би претставувало „колосален удар на долгорочмите односи“ на Русија и САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top