Според „Франс прес“, земјотресот бил со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 10,5 километри, а бил почувствуван и во Рим. Засега нема информации за штети.
Претходно, низ светот се прошири фотографија на која се гледаше како молња удира во катедралата „Св. Петар“ во Ватикан, само неколку часа окако папата соопшти дека ја напушта функцијата.
Тогаш, но и сега, тие природни појави беа толкувани како Божји знаци. Весникот „Италија домани“ поставува прашање дали се ова знаци за кардиналите што ќе избираат нов папа.
Кастел Гандолфо е мало гратче во близина на Рим и важи за летно престојувалиште на римскиот папа. Во 2012 година, во ова место, исто така, беше регистриран земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала додека папата бил на одмор таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.