| четврток, 6 декември 2018 |

Четвртина од жените ги шпионираат мобилните на партнерите

Иако луѓето мислат дека оние кои шпионираат се параноични, во голем број од случаите, нивниот сомнеж, за жал, се покажал оправдан, велат од компанијата Еден од пет мажи редовно го проверува мобилниот телефон на партнерката, чита СМС-пораки и гледа фотографии, покажа студијата на холандската компанија Аваст спроведена на 13.132 луѓе.Речиси истото го прават и четвртина од жените, објавува „Дејли мејл“.

Двата пола тоа најчесто го прават поради љубопитност, но 12 отсто очекуваат преку шпионирањето да откријат дека партнерот ги лаже.

Недостаток на доверба се гледа и поради фактот што половина од оние кои шпионираат, веруваат дека истото го прави и партнерот, покажува истражувањето.

Во речиси 40 отсто од случаите, на луѓето не им треба лозинка за пристап до мобилниот телефон, а во случај да им затреба, мнозинството признаваат дека ја знаат бидејќи ја размениле со партнерот.

– Иако луѓето мислат дека оние кои шпионираат се параноични, во голем број од случаите, нивниот сомнеж, за жал, се покажал оправдан, велат од компанијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top