За време на викендот на улиците „Ѓорче Петров“ и на дел од булеварот „Партизански одреди“ ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.
На улицата „Ѓорче Петров“ во делот кај раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“ во сабота и недела ќе се вршат прекопи за поставување подземни инсталации, а поради градежни работи утре од 8 до 12 часот ќе биде затворен за сообраќај булеварот „Партизанскиодреди“ од крстосницата со улицата „Ѓорче Петров“ до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“.
На овие места ќе биде поставена соодветна патна сигнализација, а од Град Скопје апелираат возачите да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.