
Војските на САД, Русија и Кина ги заземаат првите три места во светот според човечкиот потенцијал и опремата, но и според други битни фактори, како што е воениот буџет, што ги зема предвид класификацијата на „Глобал фајерпауер индекс“, со кој се рангирани војските на вкупно 106 земји.
Американците со околу 8.300 тенкови, околу 14 илјади авиони и воен буџет од над 600 милиајрди долари се на прво место. Кина, пак, само врз основа на околу 2,3 милиони активни војници ја доби треттата позиција на најмоќна војска во светот. За споредба САД имаат „само“ 1,4 милиони активни војници. Меѓутоа кинеската војска е и добро опремена с околу десет илјади тенкови и над 500 бродови, но кога станува збор за авионите, што е важен фактор во рангирањето, Кина со околу 2.800 летала е далеку зад САД.

Второпласираната, Русија е најголема сила на копно, бидејќи има околу 15.500 тенкови, но затоа што има три илјади авиони и околу 700 илјади активни војници е на втората позиција. Што се однесува до воениот буџет, Русија со 76 милијарди долари и Кина со 126 милијарди долари се во истата лига, но се далеку зад САД.
Во Европа најдобра позиција има Велика Британија, која е на петто место во светот, пред Франција и Германија. Велика Британија високата петта позиција ја доби благодарение на големите резерви нафта, кои се најважен ресурс за движење на воените возила. Војската на малата неутрална Австрија се најде на 36. место.
Од земјите во регионот Хрватска ја зазеде 46. позиција, Србија 60-та, а Словенија е рангирана на 94-то место.
Војските на 106-те земји се рангирани врз основа на над 50 фактори, кои се потпираат, како што е наведено на сајтот, на официјалните податоци, но и на информациите на разузнавачките служби. Во рангирањето не е земен предвид потенцијалот на нуклеарното вооружување, а на местото кое го зазема некоја земја влијаат и географските фактори и производството и користењето на природните ресурси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


