| четврток, 6 декември 2018 |

Исламската држава до Путин: На пат сме за Русија

Членовите на Исламската држава, насилна група екстремисти која сега ги тероризира Ирак и Сирија, објави видео во кое му се заканува на претседателот Владимир Путин и во кое се колне дека ќе води војна во немирниот Северен Кавказ во Русија.

Порака до Путин 

Видео објавено од Ал Арабија и наводно снимено на заземен аеродром во Сириската провинција Рака прикажува борец на Исламската држава како седи во воен авион, зборувајќи:  „Оваа порака е за тебе, Владимир Путин! Ова се авионите што ти му ги испрати на Башар [ал Асад], а ние ќе ти ги испратиме тебе! Запомни го тоа!“ 

Исто така на видеото може да се слушне и гласот на руски говорител, опишувајќи ги авионите на млазен погон запленети од борците на Исламската држава. „Ова е руска технологија“, вели тој.

Исламската Држава отворено им објави војна на САД, јасно покажувајќи го тоа со обезглавувањето на двајца американски новинари за исто толку недели. Ова е првпат членовите на групата лично да му се потсмеваат на рускиот претседател. 

„Со дозвола на Алах ќе ги ослободиме Чеченија и целиот Кавказ! Исламската држава е тука и ќе остане тука и ќе се шири со милоста на Алах!“, прикажан е борец кој го изговара ова во видеото, достапно на Јутјуб со превод на руски. 

Обраќајќи му се на Путин лично, борецот додава: „Твојот престол веќе се ниша, под закана е и ќе падне со нашето доаѓање [во Русија]. … Веќе сме на пат со милоста на Алах!“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top