| четврток, 6 декември 2018 |

Топ 10 тајни организации кои наводно владејат со светот

MJ-12-back-600x512

Од мистични култови до политички здруженија или верски организации, овие групи често се потенцираат, но и понатаму се многу мистериозни и затворени од општеството

10. Opus Dei
Оваа организација ја следи глас на моќна и таинствена католичка организација која има многу верски и политички врски. И понатаму одбиваат јавно да ги објават имињата на своите членови, кои наводно се околу 85.000 во светот.

oto

9. Ordo Templi Orientis – Ред на Ориенталните Темплари
Духовниот основач на овој ред е хемичарот Карл Келнер, кој се интересирал за слободното ѕидарство и источниот мистицизам. Нивната пракса се поврзува со окултното, а познати се по учењето за магијата на мастурбацијата.

8. Витези Темплари
Оваа организација прераснала во една од најмоќните во средниот век, а привидната мисија им била да ги бранат религиските уверувања. Се уште постојат, а наводно имаат таинствени ритуали и силни врски со црковните угледни лица.

7. Кју Клукс Клан
Расистичка организација позната по екстремно насилство, во врвот на својата моќ броела околу четири милиони членови, но и денес е многу актуелна, но во тајност.

Beati-Paoli-symbol6. Beati Paoli
Сектата настанала од благородна идеја за одбрана на сиромашните на Сицилија, но наводните денешни наследници на оваа секта се моќните мафијашки шефови.

5. Majestic 12
Американска организација која наводно ја основал претседателот Хари Труман за да ја открие мистеријата на Русвел и присутноста на вонземјани на Земјата.

4. Масони – слободни ѕидари
Една од највлијателните групи на светот брои околу 6 милиони членови, а низ историјата често биле предмет на интерес. Имаат посебни обреди, иницијации и разни пракси кои и денес не се јавни.

3. Здружение Туле
Германско окултно здружение кое своите верувања ги црпи од идеологијата на нацистите. Тие се основачи на германската Работничка партија, чиј член станал Адолф Хитлер.

2. Илуминати – слободни мислители
Основани се кон крајот на 18 век во Германија, а се претставувале како просветлени мислители. Обвинети се за предизвикување на Француската револуција, а теоретичарите на заговори веруваат дека се уште постојат и го контролираат светското стопанство.

1. Билдерберг
Се собираат на годишни состаноци на светската политичка и финансиска елита, а бидејќи темите на нивните состаноци не се познати, јавноста верува дека токму тие ја кројат судбината на светот. Иако по својата дефиниција не се таинствена група, тие делуваат таинствено, никогаш не издаваат јавни соопштенија, а нивните конференции се строго чувани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top