Заводот за здравство на државата Њујорк во моментов води истрага во клиниката „Јорквил ендоскопи клиник“ (Yorkville Endoscopy clinic) за која се тврди дека на Џоан Риверс ѝ е даден истиот коктел на лекови, кои пред пет години го убија кралот на поп-музиката Мајкл Џексон.
Се сомневаат дека токму анестезијата направила проблем, со оглед на разговорот што лекарската екипа го водела со луѓето што ја водат истрагата. Наскоро се очекуваат повеќе информации за овој случај.
Џоан Риверс ќе биде погребана во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.