| четврток, 6 декември 2018 |

Мла­ди­те за­бо­ра­ва­ат да го­во­рат

Друш­тве­ни­те мре­жи соз­да­доа т.н. гло­ба­лен ин­тер­нет-ја­зик со кој ко­му­ни­ци­ра­ат и мо­жат да се раз­бе­рат мла­ди­те од це­ли­от свет. Но, мла­ди­те за­бо­ра­ва­ат да го­во­рат! Се од­вик­ну­ва­ат од тоа да раз­го­ва­ра­ат ди­рект­но со не­ко­го, да раз­ме­ну­ва­ат мис­ле­ња, ста­во­ви!  

Не мо­жам да ти ка­жам, ќе ти пи­шам на „Фејс­бук“ ко­га ќе дој­дам до­ма –  ова е нај­че­сти­от раз­го­вор на де­неш­ни­те мла­ди лу­ѓе. Со­ци­јал­ни­те мре­жи го за­зе­доа ме­сто­то на ко­му­ни­ка­ци­ја­та во че­ти­ри очи. Мла­ди­те из­би­ра­ат раз­го­вор на „Фејс­бук“, „Скајп“, „Ви­бер“, по­во­зрас­ни­те се ре­ша­ва­ат на ко­му­ни­ка­ци­ја пре­ку е-по­ра­ки.  По­лес­но е не­ко­му да му ка­жеш де­ка е каз­нет со 30 про­цен­ти од пла­та пре­ку по­ра­ка, откол­ку да го вик­неш во кан­це­ла­ри­ја и да се  со­о­чиш со не­го. За­ле­пе­ни сме за комп­ју­те­ри­те и за те­ле­фо­ни­те, па ду­ри и то­гаш ко­га се­ди­ме со друш­тво.

Да­ли ва­кви­от на­чин ги от­ту­ѓу­ва пом­ла­ди­те?  Иа­ко по­го­лем дел од нив се свес­ни за тоа, се­пак и на­та­му го при­ме­ну­ва­ат. Ду­ри и ко­му­ни­ка­ци­ја­та со про­фе­со­ри­те, би­ло во сред­но обра­зо­ва­ние или на фа­кул­тет, оди пре­ку „Фејс­бук“. Сту­ден­ти­те и уче­ни­ци­те ве­лат де­ка про­фе­со­ри­те на тој на­чин ги ин­фор­ми­ра­ат де­ка след­ни­от ден ќе би­дат отсут­ни, ги ин­фор­ми­ра­ат за де­нот ко­га мо­же да дој­дат на кон­сул­та­ции, ко­га е ис­пи­тот, ко­га ќе има ре­зул­та­ти. Че­сто, ко­мен­ти­ра­ат тие, пре­ку по­пу­лар­ни­от „чет“ се до­го­ва­ра ко­га сту­ден­тот да по­ми­не за да зе­ме оцен­ка, или се ре­ша­ва­ат ди­ле­ми за одре­де­на те­ма од ис­пи­тот. При­ват­ни­от жи­вот, ко­му­ни­ка­ци­ја­та ме­ѓу мла­да двој­ка се све­ду­ва на „Фејс­бук“ или на „Ви­бер“… Ду­ри и иска­жу­ва­ње­то љу­бов оди во тој вир­ту­е­лен свет. Пог­ле­дот при из­го­ва­ра­ње­то на „те са­кам“ е ениг­ма за мла­ди­те.

Са­кав да му ка­жам на мом­че­то со кое се гле­дав не­кол­ку ме­се­ци де­ка не мо­жам ве­ќе да оста­нам со не­го. Ед­но­став­но, не ми е уба­во. Се оби­ду­вав да му го ка­жам тоа до­де­ка сме за­ед­но, но не­мав хра­брост да го из­го­во­рам збо­рот „крај“ до­де­ка го гле­дав в очи. Не знам, не­при­јат­но ми бе­ше. Трг­нав кон до­ма и уште во авто­бус  му пи­шав на „Фејс­бук“ де­ка е крај. Та­ка ми бе­ше по­лес­но – ве­ли 17-го­диш­на­та Ина.

Де­не­ска жи­во­тот се вр­ти на ин­тер­нет, на со­ци­јал­ни­те мре­жи, ту­ка е ме­сто­то ка­де што се „здо­би­ва­ат“ но­ви при­ја­телс­тва и се пре­ки­ну­ва­ат ста­ри­те при­ја­телс­тва.

Бев со мом­че не­кол­ку го­ди­ни, чо­век, кој, спо­ред го­ди­ни­те што ги има­ше тре­ба да би­де зре­ла лич­ност. Но,  не­го­ви­те по­те­зи по­ка­жу­ва­ат не­што со­се­ма по­и­на­ку. Отка­ко се раз­де­лив­ме, пр­во­то не­што што го ка­жа  бе­ше „ќе те из­бри­шам од ’Фејс­бук‘, да зна­еш“. Тоа и го на­пра­ви, ка­ко тоа да нај­важ­на­та ра­бо­та на свет. Ме из­бри­ша ме­не и лу­ѓе­то око­лу ме­не, со кои не­кол­ку го­ди­ни ин­тен­зив­но се дру­же­ше. Ра­бо­ти­те се из­ме­сте­ни ве­ќе. Лу­ѓе­то не зна­ат да ко­му­ни­ци­ра­ат ме­ѓу се­бе – ве­ли три­е­се­тго­диш­на­та Ма­ри­ја.

Со­ци­јал­ни­те мре­жи се бит­ни во жи­во­тот на ти­неј­џе­ри­те

Ин­терв­ју за ра­бо­та, на­стап пред про­фе­сор, јав­но го­во­ре­ње, вер­бал­на ко­му­ни­ка­ци­ја – ус­но иска­жа­ни­от збор ста­ну­ва ми­на­то. Мла­ди­те не зна­ат да се изра­зат ус­но, има­ат страв од збо­ру­ва­ње, има­ат страв од со­о­чу­ва­ње во че­ти­ри очи. Лу­ѓе­то се оту­ѓу­ва­ат од при­ја­те­ли би­деј­ќи со­ци­јал­ни­те мре­жи за­ро­бу­ва­ат и лич­но­ста за­бо­ра­ва ви­стин­ски да ко­му­ни­ци­ра со при­ја­те­ли и ста­ну­ва ин­тро­верт­на. Не­свес­но поч­ну­ва­ме да ги на­пу­шта­ме вред­но­сти­те што по­драз­би­ра­ат при­ја­телс­тво, по­чит, дру­же­љу­би­вост… Истра­жу­ва­чи­те ве­лат де­ка „Фејс­бук“ и дру­ги­те со­ци­јал­ни мре­жи се мно­гу важ­ни во жи­во­тот на еден ти­неј­џер.

– До­ка­зи­те ука­жу­ва­ат де­ка од­не­су­ва­ња­та на ти­неј­џе­ри­те на со­ци­јал­ни­те мре­жи има­ат вли­ја­ние врз нив­ни­те врс­ни­ци – об­јас­ну­ва Грејс Ху­анг, дел од еден истра­жу­вач­ки тим.

– Око­лу 95 про­цен­ти ти­неј­џе­ри ме­ѓу 12 и 17-го­диш­на во­зраст во САД има­ат при­стап до ин­тер­нет се­кој ден, а око­лу 80 про­цен­ти од тие мла­ди лу­ѓе ги ко­ри­стат со­ци­јал­ни­те мре­жи за ко­му­ни­ка­ци­ја. Мно­гу мал­ку е поз­на­то за тоа ка­ко со­ци­јал­ни­те мре­жи вли­ја­ат врз од­не­су­ва­ње­то на адо­лес­цен­ти­те. На­ша­та сту­ди­ја ука­жу­ва де­ка, мо­же­би, би би­ло од ко­рист да ги на­у­чи­ме ти­неј­џе­ри­те за штет­ни­те ефе­кти на об­ја­ву­ва­ње­то ри­зич­ни од­не­су­ва­ња на ин­тер­нет и ка­ко тие при­ка­жу­ва­ња мо­жат да ги по­вре­дат нив­ни­те при­ја­те­ли – сме­та до­ктор То­мас Ва­лен­те, кој сле­дел 1 .562 ти­неј­џе­ри на во­зраст од 15 и 16 го­ди­ни на нив­ни­те со­ци­јал­ни мре­жи.

o-YOUNG-PEOPLE-TECHNOLOGY-facebook

 Свет на ед­на „не­ма“ ко­му­ни­ка­ци­ја

Вир­ту­ел­на­та ко­му­ни­ка­ци­ја по­драз­би­ра не­мож­ност да го сле­диш со­го­вор­ни­кот од дру­га­та стра­на. Екс­пре­си­ја­та на ли­це­то, не­што што е мно­гу важ­но во ед­на ко­му­ни­ка­ци­ја, е ап­со­лут­но отсут­на при ко­му­ни­ка­ци­ја­та на „Фејс­бук“. На оваа те­ма раз­го­ва­рав­ме со до­цент д-р Су­за­на Џам­то­ска-Здра­вков­ска, до­ктор по ко­му­ни­ко­ло­шки на­у­ки, про­фе­сор на но­ви­нарс­тво и од­но­си со јав­но­ста на Прав­ни­от фа­кул­тет при УГД – Штип.

– „Фејс­бук“ и дру­ги­те слич­ни со­ци­јал­ни мре­жи, по­точ­но ка­жа­но друш­тве­ни мре­жи, има­ат иск­лу­чи­тел­но го­ле­мо вли­ја­ние врз мла­ди­те, но, за жал, не тол­ку за нив­на со­ци­ја­ли­за­ци­ја, ту­ку по­ве­ќе во на­со­ка на нив­на де­со­ци­ја­ли­за­ци­ја. Со­ци­ја­ли­за­ци­ја­та е про­цес во кој ин­ди­ви­ду­и­те го учат на­чи­нот на жи­вот во оп­штес­тво­то или гру­па­та, што по­драз­би­ра дру­же­ње, раз­ме­на на ве­шти­ни, зна­е­ња, ста­во­ви, вред­но­сти и на­чин на од­не­су­ва­ње пре­ку про­це­сот на ко­му­ни­ци­ра­ње. Ка­де е проб­ле­мот со „Фејс­бук“? Та­му не се раз­ме­ну­ва­ат ста­во­ви и мис­ле­ња до­кол­ку не се ра­бо­ти за не­што ин­те­рес­но, прив­леч­но, смеш­но, ду­хо­ви­то. По­точ­но, ако не­ма не­што ду­хо­ви­то да се ка­же или да се спо­де­ли не­што смеш­но, се гу­би по­тре­ба­та за по­ста­ву­ва­ње ин­фор­ма­ци­ја на „Фејс­бук“! Та­ка што, кон­крет­но ко­га ста­ну­ва збор за „Фејс­бук“, то­гаш мо­же да се по­чув­ству­ва­те и не­си­гур­ни за дру­же­ње до­кол­ку не­ма­те смеш­на или ду­хо­ви­та по­ра­ка. Ова е еден мо­мент за вли­ја­ни­е­то на оваа друш­тве­на мре­жа врз мла­ди­те што, се­ка­ко, е ре­зул­тат на но­ви­от на­чин на ко­му­ни­ци­ра­ње што го про­ду­ци­ра.

Ди­рект­ни­те кон­та­кти и не­по­сред­на­та ко­му­ни­ка­ци­ја се све­ду­ва­ат на ми­ни­мум. Пред се­бе го има­ме комп­ју­те­рот и не­ко­ја има­ги­нар­на сли­ка за тоа ка­ко изг­ле­да со­го­вор­ни­кот од дру­га­та стра­на. Ду­ри и то­нот на гла­сот го за­мис­лу­ва­ме во сог­лас­ност со до­би­е­ни­те по­ра­ки. Се вле­гу­ва во свет на ед­на „не­ма” ко­му­ни­ка­ци­ја во ко­ја се гу­би го­во­рот ка­ко ед­на оп­ти­мал­на чо­веч­ка ко­му­ни­ка­ци­ја.

Мла­ди­те се иск­лу­чу­ва­ат од тоа што зна­чи за­ед­нич­ко до­жи­ву­ва­ње. Соз­да­ва­ат при­ја­те­ли во вир­ту­ел­ни­от свет со кои не мо­жат да ко­му­ни­ци­ра­ат по­и­на­ку освен пре­ку со­ци­јал­ни­те мре­жи и да соз­да­ва­ат сли­ка за тој од дру­га­та стра­на ка­ква што са­ми­те са­ка­ат да соз­да­дат. На „чет на ’Фејс­бук‘“  се­ко­гаш има­ат што да ка­жат. На ма­са со при­ја­те­ли се мол­ча­ли­ви, пов­ле­че­ни, не­ко­му­ни­ка­тив­ни. Тие ве­лат де­ка раз­го­во­ри­те на со­ци­јал­ни­те мре­жи им го по­ед­но­ста­ву­ва­ат кон­та­ктот со при­ја­те­ли­те, но со­ци­о­ло­зи­те пре­ду­пре­ду­ва­ат де­ка тоа не е ви­стин­ски на­чин за ос­тва­ру­ва­ње ко­му­ни­ка­ци­ја и де­ка не мо­же да го обез­бе­ди чув­ство­то за под­ла­бо­ко по­вр­зу­ва­ње, по­треб­но за ви­стин­ско при­ја­телс­тво. Вир­ту­ел­ни­те раз­го­во­ри тре­ба  да би­дат са­мо на­до­пол­ну­ва­ње, а не за­ме­на за ре­ал­ни­те со­ци­јал­ни ин­те­рак­ции. Про­фе­сор­ка­та ве­ли де­ка ши­ре­ње­то при­ја­телс­тва од ед­на стра­на е по­зи­тив­но, но од дру­га стра­на ва­ква­та ко­му­ни­ка­ци­ја има и мно­гу не­га­тив­ни стра­ни.

– „Фејс­бук“ и дру­ги­те друш­тве­ни мре­жи овоз­мо­жу­ва­ат за­поз­на­ва­ње но­ви лу­ѓе, здо­би­ва­ње но­ви при­ја­те­ли, ду­ри се по­ја­ву­ва и еден сво­е­ви­ден нат­пре­вар кој кол­ку „при­ја­те­ли” има. Тоа, од ед­на стра­на, е до­бро, се овоз­мо­жу­ва бр­за ко­му­ни­ка­ци­ја со лу­ѓе­то во све­тот. Но, од дру­га стра­на, не тре­ба да се за­бо­ра­ви де­ка при­ја­телс­тво­то, ме­ѓу дру­го­то, се те­ме­ли и врз за­ед­нич­ко­то иску­су­ва­ње на мо­мен­тот, врз за­ед­нич­ки до­жи­ву­ва­ња ту­ка – во ре­ал­но­ста, а не во вир­ту­ел­но соз­да­де­ни­от свет во ко­ја единс­тве­но­то што ста­ну­ва ре­ал­но е оса­ме­на­та ин­те­рак­ци­ја. Всуш­ност, оту­ѓу­ва­ње­то, од­нос­но од­да­ле­чу­ва­ње­то на ед­ни­те од дру­ги­те, од оп­штес­тво­то, ре­ал­но­ста, е ос­мис­ле­но од са­ма­та про­стор­на ло­ци­ра­ност на комп­ју­тер­ски по­сре­ду­ва­на ко­му­ни­ка­ци­ја – нај­че­сто во за­тво­рен про­стор, ме­ѓу че­ти­ри ѕи­да. Мла­ди­те се свр­ту­ва­ат кон изо­ла­ци­ја со комп­ју­те­рот в ра­ка, а во таа оса­ме­ност че­сто ка­ко преч­ка ги до­жи­ву­ва­ат и ро­ди­те­ли­те – до­да­ва д-р Џам­то­ска-Здра­вков­ска.

Раз­го­во­ри­те на со­ци­јал­ни­те мре­жи, или по­пу­лар­но на­ре­че­ни­от „чет“, сме­та­ат со­ци­о­ло­зи­те, мо­жат да го за­гро­зат со­ци­јал­ни­от жи­вот. Тие тре­ба да се ко­ри­стат са­мо во не­мож­ност да го на­пра­ви­те тоа ли­це в ли­це, или за кон­такт со ли­ца што се на по­го­ле­ма од­да­ле­че­ност. Во спро­тив­но, ва­кви­те раз­го­во­ри се смрт за тоа што зна­чи јав­но го­во­ре­ње и ре­ал­на ко­му­ни­ка­ци­ја. Со­ци­јал­ни­те мре­жи  вли­ја­ат врз вкуп­на­та из­град­ба на мла­ди­от чо­век, поч­ну­вај­ќи од фор­ми­ра­ње ста­во­ви, на­ви­ки, на­чи­ни на ко­му­ни­ка­ци­ја – реч­ник и го­вор, ка­ко и фор­ми­ра­ње на не­го­ви­от мо­ра­лен и вред­но­сен ко­декс. Про­фе­сор­ка­та Џам­то­ска-Здра­вков­ска наг­ла­су­ва де­ка  ин­тер­не­тот и друш­тве­ни­те мре­жи пре­диз­ви­каа ни­за про­ме­ни во си­те об­ла­сти во оп­штес­тве­но-со­ци­јал­ни­от жи­вот. Се из­ме­ни на­чи­нот на раз­мис­лу­ва­ње, ин­фор­ми­ра­ње, ко­му­ни­ци­ра­ње. Бр­зи­на­та на ко­му­ни­ка­ци­ја­та пре­диз­ви­ку­ва про­ме­ни во тем­по­то на жи­во­тот, на­чи­нот на од­не­су­ва­ње, вкуп­ни­от на­чин на жи­ве­е­ње.

Друш­тве­ни­те мре­жи, со по­пу­лар­ни­от „Фејс­бук“ ка­ко пред­вод­ник, соз­да­доа т.н. гло­ба­лен ин­тер­нет-ја­зик со кој ко­му­ни­ци­ра­ат и мо­жат да се раз­бе­рат мла­ди­те од це­ли­от свет. Но, мла­ди­те за­бо­ра­ва­ат да го­во­рат! Се од­вик­ну­ва­ат од тоа да раз­го­ва­ра­ат ди­рект­но со не­ко­го, да раз­ме­ну­ва­ат мис­ле­ња, ста­во­ви! А да не го­во­ри­ме за ди­ску­сии, де­ба­ти, или, пак, уште по­ве­ќе, за ја­вен на­стап или ја­вен го­вор. Ма­сов­на­та упо­тре­ба на „Фејс­бук“ од стра­на на мла­ди­те не е во на­со­ка на не­гу­ва­ње на ли­те­ра­тур­ни­от ја­зик. Се при­фа­ќа­ат но­во­из­ве­де­ни збо­ро­ви, кои по­тек­ну­ва­ат од анг­ли­ски­от ја­зик, го­лем дел од нив се сим­би­о­за ме­ѓу анг­ли­ски и ма­ке­дон­ски збо­ро­ви. На тој на­чин оваа фор­ма на пи­ша­на, комп­ју­тер­ски по­сре­ду­ва­на ко­му­ни­ка­ци­ја при­до­не­се кон по­ја­ва на но­ви збо­ро­ви и фра­зи, кои нав­ле­гу­ва­ат во ма­ке­дон­ски­от ја­зик и ста­ну­ва­ат дел од ко­му­ни­ка­ци­ја­та на мла­ди­те, а бр­зи­на­та на ко­му­ни­ка­ци­ја­та ре­зул­ти­ра со кра­тен­ки. Фон­дот на збо­ро­ви не оди во на­со­ка на не­го­во етаб­ли­ра­ње и зго­ле­му­ва­ње, ту­ку се при­ме­ну­ва фор­ма­та на бр­зо, кра­тко и штед­ли­во пи­шу­ва­ње. Та­ка, не са­мо што се оште­ту­ва го­вор­на­та ус­на ко­му­ни­ка­ци­ја, ту­ку и пи­ша­на­та до­би­ва сѐ по­тес­на фор­ма на изра­зу­ва­ње – ко­мен­ти­ра на­ша­та со­го­вор­нич­ка.

Ко­му­ни­ка­ци­ја­та ка­ко пре­дус­лов за ус­пех

Ова отво­ра ед­на но­во раз­мис­лу­ва­ње. Да­ли е по­треб­на обу­ка на мла­ди­те за јав­но го­во­ре­ње. Да­ли, мо­же­би, е по­треб­но во учи­ли­шта­та да се во­ве­де пред­мет за го­во­ре­ње и ја­вен на­стап. Ко­му­ни­ка­ци­ја­та на со­ци­јал­ни­те мре­жи не ги под­го­тву­ва де­ца­та и мла­ди­те за ко­му­ни­ка­ци­ја во ре­ал­ни­от жи­вот и раз­го­во­ри­те на со­ци­јал­ни­те мре­жи во ни­кој слу­чај не мо­жат да би­дат за­ме­на за раз­го­во­ри­те ли­це в ли­це.

До­кол­ку во ми­на­то­то јав­но­то го­во­ре­ње се сме­та­ше за при­ви­ле­ги­ја на по­ли­тич­ка­та ели­та, де­нес се­кој е по­ста­вен пред пре­диз­ви­кот јав­но да на­ста­пу­ва – поч­ну­вај­ќи од раз­ни све­че­но­сти, прос­ла­ви, со­би­ри, па до ра­бот­ни со­ста­но­ци, се­ми­на­ри, обу­ки, одр­жу­ва­ње пре­зен­та­ции и сл. И са­ми­те уче­ни­ци, сту­ден­ти, ко­га ќе од­го­ва­ра­ат има­ат сво­е­ви­ден ја­вен на­стап. Поз­на­то е де­ка ко­му­ни­ка­ци­ја­та е пре­дус­лов за ус­пех на се­ко­ја ин­ди­ви­дуа. За­тоа, оваа ве­шти­на по­жел­но е да се не­гу­ва во учи­ли­шта­та, по­на­та­му во те­кот на сту­ди­и­те, пре­ку со­од­вет­ни пред­ме­ти или обу­ки за ко­му­ни­ка­ци­ски ве­шти­ни или ја­вен го­вор и ја­вен на­стап. Не слу­чај­но де­нес мно­гу истак­на­ти ком­па­нии ор­га­ни­зи­ра­ат за сво­и­те вра­бо­те­ни ток­му та­кви обу­ки. При­чи­на­та е што се­ко­ја про­фе­си­ја во су­шти­на­та на сво­ја­та ре­а­ли­за­ци­ја ја има ко­му­ни­ка­ци­ја­та и кол­ку по­ус­пеш­но ја вла­де­е­ме тол­ку по­ус­пеш­но ќе се со­о­чи­ме со си­те неј­зи­ни ба­ра­ња и пре­диз­ви­ци  – кон­ста­ти­ра ко­му­ни­ко­ло­гот Су­за­на Џам­то­ска-Здра­вков­ска.
div style=”width: 520px; height: 1px; background-color: #000;”>

Пишува:Билјана Зафирова

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top