| четврток, 6 декември 2018 |

Русија вложи милијарда долари за развивање на оружје за контрола на мислите

Почнувајќи од 1917 до 2003 Русите потрошиле милијадра долари за развивање на оружје за контрола на мислите. Истражувањето кое се заснова на руски технички списанија и неодамна објавените документи покажува дека Советскиот сојуз користел одредени методи за да манипулира со човечкиот мозок.

Во програмата „психотроника“ Советскиот сојуз ги изучуваше луѓето како „човечка енергија“ која може да влијае на други објекти и како таа енергија може да се произведува независно од луѓето со уреди кои се викаат „церпан“, а кои може да собираат високофреквентно електромагнетско значење и потоа  таа енергија да ја користи  за да влијае на други објекти.

-Ако генбераторот се направи како што треба за да може да акомулира биоенергија од сите живи битија: животни, растенија, луѓе, а потоа да ја испушти, пишува во натписот.

Советската програма психотроника е слична на американската контраверзна програма која ЦИА ја развиваше во 20-тите години и која е драматизирана во филмот „Мажите кои зјапаат во кози“.

Научните во таа програма истражуваа можност да се манипулира со човечкиот мозок со менување на мозочните функции со помош на електромагнетни бранови што доведе со развој на психотронично оружје.

Инаку, и рускиот претседател Владимир Путин минатата година ги спомена оружјата на иднината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top