| четврток, 6 декември 2018 |

Естрадата во паника: Сите имаме порно фотографии!

Откако неодамна на интернет се појавија голи фотографии од познатите холивудски ѕвезди, ни балканската естрада не остана без коментар.

Некои од нив за српски Блиц признале дека имаат фотографии на кои се голи, додека пак другите тврдат дека не им се плашат на хакерите.

-Ако зборуваме за мене и мојот мобилен телефон, тогаш хакерот би добил џек пот. Во мобилниот немам што немам. На моја среќа, не сум лоша риба. Но доколку би ги видела моите голи фотографии на насловна страница тогаш веројатно би умрела од стрес, вели Јелена Карлеуша за Блиц, додавајќи дека одма ќе ги избрише провокативните фотографии.

Слично мислење со Карлеуша има и Сандра Обрадовиќ.

-Не познавам личност која нема провокативни фотографии во својот мобилен. Секој од нас има такви слики, па така и јас. Не би ми пречело доколку некои од моите фотографии излезат во јавност, но само доколку на нив изгледам секси и убаво. Но доколку се појават некои вулгарни, тогаш би се изнервирала, додала таа.

Невена Миличевиќ пак вели дека во својот телефон чува провокативни фотографии, но дека не им се плаши на хакерите.

-Имам повеќе слики кои за нијанса се попровокативни од оние кои ги имам објавени на социјалните мрежи, но не им се плашам на хакерите. Немам за што, признала таа.

Нејзината ривалка од куќата на Големиот Брат, Синди вели дека нема такви фотографии како и дека не стравува дека би можела да заврши низ интернет порталите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top