| четврток, 6 декември 2018 |

Девојче од Хрватска почина од струен удар

Вчеравечер околу 20.30 часот на хрватската полиција и било соопштено дека во Итната медицинска помош се наоѓа 9-годишно девојче кое е сериозно повредено од струен удар.

По картко време лекарите изјавиле дека девојчето починало. Телото на девојчето е предадено на обдукција.

Неофицијално, девојчето за време на несреќата било во куќата на нејзините баба и дедо и си играло во кадата во бањата чија врата била отворена. Девојчето одеднаш станало и се фатло за жиците од бојлерот, по што добило струен удар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top