Двајца босански Срби се уапсени во БиХ под обвинение за геноцид врз муслимани во 1995 година во околината на Братунац, соопшти босанското Обвинителство.
Приведените Миодраг Јосиповиќ и Бранимир Тешиќ се обвинети дека како раководители на полициската станица во Братунац наредиле, организирале и поттикнувале протерување на цивили од селото Поточари, како и за апсење на неколку илјади мажи и момчиња муслимани на 13 јули 1995 година во Братунац, каде биле физички малтретирани, а околу 100 од нив се убиени.
Во соопштението на Обвинителството се додава дека против Јосиповиќ и Тешиќ се води истрага за „основани сомневања за помагање на геноцид“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


