Наместо одличен порадок за роденден, 35-годишен маж од Тексас доживеал вистински хорор додека имал секс во тројка.
На несреќниот маж од Тексас идилата му ја расипал неговиот 42 – годишен цимер Антонио Флорес Нарцисо, кој сметал дека вревата која доаѓала од собата е едноставно прегласна и не можел да ги слуша звуците на сексот во тројка.
Тој прво побарал од цимерот да ги прекине сите активности со двете девојки, но кога овој одбил, ја урнал вратата и со нож го нападнал цимерот.
Нарцисо не му нанел тешки повреди на цимерот, но овој сепак морал да оди во болница заради убодите во главата, грбот и рацете.
Нервозниот цимер веднаш бил приведен од полицијата, по пријавата на девојките. Осомничен е за провала со намера да изврши злосторство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


