| четврток, 6 декември 2018 |

На секои 40 секунди има по едно самоубиство

На екои 40 секунди еден човек во светот извршува самоубиство, што во просек изнесува околу 800.000 самоубиства годишно, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Според податоци од 2012 година, стапката на самоубиства од 12,7 на 100.000 жители е регистрирана во високо развиени држави, додека во државите со средни или ниски приходи таа бројка е 11,2.

Најголема стапка на самоубиства (44,2) е регистрирана во Гвајана, Северна Кореја (38,5) и во Јужна Кореја (28,9). Во европски рамки води Литванија со стапка од 28,2.

Во богатите држави најчест повод за самоубиство е депресија, а во сиромашните заразна болест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top