Полицијата ги откри лицата кои во изминатиот период извршија неколку насилнички напади во градски автобус број 57. Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека трите лица се на возраст од 18 и 19 години, а едно од нив и претходно било пријавувано за насилство на истата автобуска линија. Кривичната пријава е поднесена против Б.Б. (18), И.Е. (19), и И.И (18) поради основано сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.
Во двата напади жртвите беа малолетници на возраст од 15 и 17 години кои се возеле во автобуси од населбите Козле до Радишани. Насилниците Б.Б. и И.Е. на 10 август околу 02:40 часот го навредувале Ф.Б.(15), а потоа го удирале со боксови и клоци по главата и телото, а на 31 август околу 01,40 часот тројцата го навредувале Х.К.(17), а потоа и го удирале со боксови во пределот на стомакот.
Од страна на судија на сите тројца им е изречена мерка притвор во траење од осум дена. Против Б.Б. од страна на СВР-Скопје е поднесена и кривична пријава под сомнение дека сторил кривично дело „насилство“ на 4 мај, а против И.Е. е поднесена кривична пријава за кривично дело „прикривање“ во 2012 година.
Според податоците на МВР, во првите шест месеци од годинава на подрачјето на Скопје регистрирани се 49 случаи на насилство. Од нив, 41 случај е целосно расчистен и пријавени се 105 лица. Од нив, 49 биле полнолетни, 52 малолетни, а 4 се деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Голема трагедија во Индија: Автобус падна во канал, најмалку 25 лица загинаа
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил


