Луѓето и понатаму не престануваат да еволуираат. Напротив. Мажите стануваат сè поубави и поинтелегенти за да бидат поуспешни во репродукцијата, додека кај жените таа карактеристика нема ист ефект.
Луѓето и понатаму се подложни на природна селекција како и другите видови, тврдат научниците, па и во модерното време преживуваат само најсилните.
Бракот не го забави нагонот за селекција, преживување и размножување. Стручњаците истакнуваат дека неодамна откриле дека токму поради тоа мажите изгледаат сè подобро и подобро.
Тие се развиваат и стануваат сè попривлечни, поубави и поинтелегенти за да бидат што поуспешни во размножувањето. Сексот со повеќе партнери ја зголемува веројатноста за подобар репродуктивен успех.
Сепак, кај жените тоа не е така
Финските научници кои ги проучуваат луѓето и еволуцијата детално ги прегледале податоците на шест илјади Финци родени меѓу 1760 и 1849 година. Ги провериле нивните економски статуси, датумите на раѓање, смртта како и брачниот статус за да ги утврдат основните фактори на природната селекција, а тоа се добата на возрасни, успешноста во пронаоѓање партнер, успешноста и размножувањето и плодноста.
Податоците били исти и кај Финците кои живееле во градовите, како и окај тие што живееле во руралните подрачја.
Таа земја инаку има еден од подобрите состави на складирање на податоци благодарејќи на деталните црквени записи кои се воделе поради даночните долгови.
– Целосна заблуда е дека еволуцијата од многу одамна е завршена и дека мораме да гледаме назад за да можеме да се разбереме себе си. На луѓето и понатаму делува и природна и сексуална селекција – објасни д-р Лума од Универзитетот Шефилд.
Коавторот на студијата д-р Коуртол изјави дека подобрувањето на карактеристиките на на мажите ја зголемува успешноста на размножување и дека тие затоа еволуираат побрзо, додека тие особини не ја зголемуваат успешноста на размножување кај жените.
– Тоа е затоа што сексот со повеќе партнери докажано го зголемува репродуктивниот успех повеќе кај мажите отколку кај жените. Изненадувачки, истото подеднавко се однесува и на богатите и на сиромашните – додаде Коуртол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.