Велика Британија размислува да испрати оружје и ќе ги обучува курдските сили во Ирак со цел да им помогне во нивната борба против силите на Исламска држава, соопшти денеска британскиот премиер Дејвид Камерон.
Велика Британија досега организира помош од воздух и транспорт на воена опрема за курдските регионални сили поврзани со централната власт во Багдад.
Некои европски земји, меѓу кои Германија, Франција и Италија веќе одобрија испраќање на лесно оружје за курдските борци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.