| четврток, 6 декември 2018 |

Поради санкциите на ЕУ кон Русија можни се проблеми во функционирањето на чешката Армија

ceska armijaЧешката Армија (ЧА) подготвува анализа за евентуални последици од подготвуваните заострени санкции на Европската унија кон Русија, соопшти Генералниот штаб на Армијата.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, чешката хеликоптерска флота е потполно зависна на резервни делови од Русија од каде што потекнуваат и леталата и постои опасност доколку Москва преземе контра мерки на санкциите.

Според портпаролката на Генералниот штаб, Јана Ружичкова санкциите би влијаеле на функционирањето на 16 модернизирани хеликоптери Ми-171 Ш, пет Ми-17, десет вони хеликоптери Ми-24 и два Ми-8, кои сега се употребуваат од ЧА.

– Последна и тоа во краен случај можност, е приземјување на дел од хеликоптерите и евентуално користење на нивните резервни делови, изјави Ружичкова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top