| четврток, 6 декември 2018 |

Акциските филмови ве дебелеат

Најновото истражување на американските научници покажа дека гледањето акциски филмови е поврзано со дебелеење.

Телевизијата е поврзана со дебелеење поради три главни фактори: рекламирање брза храна, поминување повеќе време во седечка положба, и одземање внимание поради што луѓето не знаат колку јаделе.

Во студијата научниците следеле 94 студенти што консумирале храна пред телевизија гледајќи различни програми. Утврдено е дека учесниците во истражувањето во текот на гледањето акциски филмови изеле речиси двојно повеќе храна и внеле 65 отсто повеќе калории.

Тој феномен е забележан и кај мажите и кај жените, иако повеќе бил изразен кај мажите што учествувале во студијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top