| четврток, 6 декември 2018 |

Косовски новинар добива закани од исламски фундаменталисти дека ќе биде обезглавен

Pogubljenje-novinaraКосовски новинар специјализиран за прашањата на исламот и исламскиот екстремизам изјави дека е објект на закани за обезглавување од страна на верски фундаменталисти на Косово.

– Добив многу закани претежно преку Фејбук, а во некои од нив ми се закануваат со обезглавување, изјави Висар Дурики.

– Се надевам дека полицијата ќе дејствува брзо, бидејќи не се чувствувам безбедно, додаде тој.

Организацијата Репортери без граници во меѓувреме соопшти дека е мошне загрижена поради судбината на Висар Дурики и го повика косовското Министерство за внатрешни работи да го заштити новинарот.

Дурики покрива теми поврзани со верскиот екстремизам. Во повеќе написи тој го опишува начининот, на кој млади косовски граѓани се врбувани да заминат на џихад во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top