| четврток, 6 декември 2018 |

Русите веруваат дека имаат поквалитетни производи од другите

youngtimer_made_in_russia

Најголем дел од Русите, дури 64 отсто, сметаат дека квалитетот на домашните производи, во споредба со странските – е значително поголем. За ова сведочат резултатите од анкетата извршена од ВЦИОМ.

Во 1995 година ова мислење го делеле само 54% од испитаниците.

Позитивно за домашното производство се изјаснуваат најчесто анкетираните постари од 60 години, како и жителите на помалите градови (74%). Жителите на Москва и Санкт Петербург (48%) сметаат дека руските производи воопшто не се разликуваат од оние кои се увезени.

За откажување од употребата на забранетите производи за увоз во Русија се изјасниле најголемиот дел од граѓаните на Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top