Обвинувањата на американскиот претседател Барак Обама дека Русија има деструктивна улога во украинската криза, се фикс идеи, изјави денеска Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.
Песков истакна дека изјавата на Обама е спротивна на тврдењата на Стејт департментот, кој вчера призна дека немаат „недвосмислени докази“ дека руски трупи ја преминале украинската граница.
– Повеќе пати соопштувавме дека нема руски војници во Украина, нагласи Песков.
Тој додаде дека ситуацијата покажува неподготвеност да се видат фактите.
– Тоа се само фикс идеи на Обама да и препише на Русија деструктивна улога во развојот на украинската криза, со што ние категорично не се согласуваме, истакна портпаролот на рускиот претседател.
Коментирајќи ја ситуацијата во Украина, за време на неговата посета на Естонија, Обама изјави дека руските сили кои во изминатите недели влегле во Украина не се во хуманитарна или мировна мисија, како што тврди Кремљ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.