| четврток, 6 декември 2018 |

200 улици во Куманово немаат имиња

kumanovo1Во Куманово 200 улици немаат имиња, соопшти денеска раководителот на Секторот за урбанизам, Лидија Ланг Спасовска.

Таа посочи дека овие улици се нови и ги има во речиси сите населби низ градот, но најчесто се лоцирани кон периферијата во населбите „Гладно Поле“, „Тоде Мендол“ и „Зелен Рид“.

Општината во октовмри и ноември годинава ќе формира екипи кои на терен ќе ги соберат податоците кои потоа ќе бидат доставени до соодветните институции.

Проблемот со неименуваните улици ќе се решава паралелно со завршување на процесот на легализација на бесправно изградените објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top