Поранешниот тимски шеф на Ферари, Стефано Доменикали, во разговор со новинарот и блогер, Лео Турини, еден од авторите кои пишуваат за Ферари магазин, кажал дека го задржал контактот со семејството Шумахер.
– Ние сме во контакт и тие ми кажуваат дека има мал, континуиран напредок. Знам дека сите ние се надеваме дека ова ужасно чекање ќе заврши на најдобар начин, но за несреќа, мора да почекаме- рекол Доменикали.
Тој го именувал германскиот возач како најблизок од сите пилоти на Ферари со кои бил во контакт.
– Тој беше импресивен поради тоа што неговиот придонес не беше само со исклучителниот талент зад воланот. Приватно, тој можеше да биде мошне остар, дури и груб, но надворешно беше прв што го бранеше тимот – рекол Италијанецот.
Според бразилската телевизија „Глобо“, 15-годишниот син на Михаел Шумахер, Мик, се натпреварувал во јуниорската КФ серија на ФИА и го освоил второто место, но вози под моминското презиме на мајка му, Беч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.