Им помагал и на своите колеги-рудари кои биле затрупувани во злетовскиот рудник, го ризикувал животот и кога други тоа не сакале да го направат за да ги извлечат од јамите починатите другари.
Но, на дедо Љубе и на неговата сопруга немало кој да им помогне во средата вечерта. Тој за „Дневник“ раскажува како со бабата сами во селото каде што неколкуте соседни куќи се оддалечени со километри останале на немилост на двајца разбојници кои влегле во нивниот дом за да ги ограбат. Тепан и малтретиран дедо Љубе се помирил со судбината, но безграничната љубов кон својата сопруга го натерала уште еднаш да даде се од себе и да помогне како и многупати претходно, но овој пат цената за тоа била страшна – да земе туѓ живот.
Продолжението на приказната е добро позната. Драмата завршила со убиството на Зоран З.(28) од селото Пантелеј и со ранувањето на неговиот ортак Б.И.(28) од село Поплаки, во кои Љупчо М.(73) испукал два патрона од ловечка пушка. По сила на законот, полицијата против старецот поднесе три кривични пријави, за убиство, за обид за убиство и за нелегално поседување оружје.
Сепак, дедо Љубе не бил притворен и по дадениот исказ пред истражниот судија бил пуштен дома. Таму и го најдовме, два дена по немилиот настан.
Целата приказна и фотогалеријата можете да ги видите на сајтот на Дневник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



