| четврток, 6 декември 2018 |

Сирискиот лидер на опозицијата за првпат во земјата, Лондон најавува вооружена помош

bliski istokАхмад Муаз ал Хатиб денеска за првпат ја посети Сирија како лидер на сириската опозиција. Тој допатувал во реонот Алепо контролиран од бунтовниците во северниот дел на земјата, а според опозицијата, неколку часа бил во Сирија за првпат откако е на чело на националната коалиција од ноември лани. Посетил две места североисточно од Алепо, за да се запознае со состојбата на локалните жители и да разговара со нив во условите во кои живеат.

Во меѓувреме британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави дека „не би требало да се отфрла можноста за давање оружје за бунтовничките сили во Сирија“. Таа опција е отворена „доколку хуманитарната потреба стане толку голема што ќе мора да се направи нешто друго за да се спасуваат животи“.

Оваа формулација е близу до објаснувањето што го даваше и пред да почне вооружувањето на либиските бунтовници од Бенгази, во нивната борба против власта на Моамер Гадафи. Претходно Хејг ја обвини британската политика кон сириските случувања.

Во интервју за лондонски „Сандеј тајмс“ сирискиот претседател Ал Асад ја обвини Велика Британија за „тиранизирање на Сирија“, како и за „наивност“ кога станува збор за безмалку двегодишниот конфликт во неговата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top