| четврток, 6 декември 2018 |

Чешка е против воведување нови европски санкции против Русија

Чешка не го одобрува воведувањето нови санкции од страна на ЕУ против Русија. Ова го изјави премиерот на државата, Богуслав Соботка. Тој се запозна со документот кој ги содржи предлозите на Европската комисија за воведување на нови санкции.

„Врз основа на првото читање на проектот од Европската комисија можам да констатирам дека ние, Чешката Република, ќе имаме забелешки во однос на него“, изјави Соботка за интеренет-изданието Novinky.

Според неговите зборови, невозможно е да се претпостави „какви резултати ќе донесе следниот бран санкции и како Русија ќе одговори на нив“.

„Во тоа се содржи главниот проблем“, изјави чешкиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top