Фотографиите од венчавката на Анџелина Џоли и Бред Пит, биле откупени од магазините „Пипл“ и „Хело“ за сума од два милиони долари.
Добро запознаени извори соопштија дека двете списанија морале да се здружат за да соберат доволно финансиски средства за ексклузивните фотографии.
Гламурозната холивудска актерска двојка се венча во нивниот дворец Миравал во јужниот дел на Франција на приватна свеченост каде биле поканети само најблиските пријатели и семејството.
На венчавката присуствуваа и нивните шест деца. Анџелина до олтарот ја испратија најстарите синови Медокс и Пекс, а ќерките Захара и Вивиен ги фрлаа ливчињата од рози. Прстените ги предадоа Шајло и Нокс.
Пит (50) беше во брак со актерката Џенифер Анистон, а на Џоли (39) ова е трет брак – беше омажена за Џони Ли Милер и Били Боб Тортон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


