| четврток, 6 декември 2018 |

На Заев сега сите му се виновни

zaev-hajkaПо привидот за моќ во судницата, каде лидерот на СДСМ Зоран Заев дојде со половина дузина адвокати, беше јасно дека по исказот на „Газда Нини“ нивниот клучен сведок кој пак рече дека нема никаква врска ниту со еден во судницата, како и дека на било кој начин е поврзан со тврдењата на Заев, јасно беше дека Заев ќе се сврти и ќе бара виновници- токму кај нив.

Всушност, Заев сега бара „дежурен виновник“ меѓу колегите од партиското раководство, неговиот ПиАр-тим, меѓу адвокатите, за целата утка со планирањето на лажната сторија за Македонска банка, која ја користеше како главен аргумент во предизборната трка, помеѓу првиот и вториот круг од претседателските избори оваа пролет. Особено бил револтиран од барањето на СДСМ токму Газда Нини да биде сведок, што пак, се покажа како погубен чекор за СДСМ.

По еден „рафал“ од обвинувања од Заев кон адвокатите, еден од нив целата ситуација му била дојдена преку глава, па му се обратил со зборовите „Па никој не те тераше да лажеш, од каде да знаеме ние дека Нини ќе си каже друго, ќе си ја каже вистината, ти не убедуваше во друга вистина“.

Заев во екот на кампањата убедуваше за вмешаност на лидерот на ВМРО ДПМНЕ во случајот, потоа на судот убедуваше дека немал тврдење туку само прашања што повторно не е вистина, па убедуваше дека Газда Нини е клучниот сведок, што „крунскиот сведок“ го демантираше.

Ваквиот развој на настаните и пристапот кон работите уште еден доказ за карактерот на СДСМ и на нивниот претседател Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top