Најмногу дожд, 101 литар на метар квадратен, наврнаа во Гевгелија во изминанатите 24 часа. Во Скопје до осум часот утрово се измерени 60 литри.
Како што информира Борис Секирарски, дежурен синоптичар во Управата за хидрометеоролошки работи, најмалку дожд наврна во Охрид, пет литри, и во Берово, три литри.
Денеска врнежите ќе бидат со послаб интензитет и кон крајот на денот ќе престануваат. Времето останува посвежо, со слаб, претежно југоисточен ветер и температура до 25 степени. Во Скопје слично, со температура до 23 степени.
Врнежливо ќе биде до почетокот на идната недела.
Според Секирарски, поголема стабилизација на времето не се очекува со оглед дека веќе влегуваме во септември, но врнежите ќе бидат поретки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.