Според информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија, денеска најмногу врнежи од дожд имало во Гевгелија, каде наврнале дури 85 литри на метар квадратен, а најмалку во Берово, каде е забележан само 1 литар на метар квадратен.
Според најавите од УХРМ, врнежите ќе продолжат и во вечерните и ноќните часови со променлив интензитет, а пообилни ќе бидат во северозападните, а подоцна во ноќта и во југоисточните делови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.