| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадисти се обучуваат во кампови во Албанија

26QAEDA-articleLargeАлбанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати денеска потврди дека во некои делови на Албанија се обучуват луѓе за терористички акции и за „џихад во Сирија“, но неговата земја е одлучна да ги изолира.

Тој на прес-конференција со канадскиот колега Џон Баирд истакна дека такви кампови постојат во Албанија, но и во Косово.

Објаснувајќи дека таа појава е тесно поврзана со економските и социјалните прилики во Албанија, Бушати нагласи дека албанската држава работи на нејзино изолирање и спречување.

– Албанија не негира дека во одредени зони се споведуваат обуки за извршување терористички напади, но тоа не се поврзува со верската толеранција која ја имаме. Албанија одлучно работи на изолирање на овој феномен, нагласи Бушати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top