Дружењето на Даниел Кајмакоски со своите фанови во Скопје Сити Мол, помина онака како што се очекуваше – со многу фанови кои нетрпеливо чекаа да го видат, гушнат и да добијат негов автограм како честитка за почетокот на новата година.
Самиот Даниел ги замоли своите фанови, оваа година да носат само петки, за негова љубов бидејќи школувањето е навистина значајно и потребно.
Дружењето траеше повеќе од 2 часа, а на истото присуствуваа огромен број фанови на победникот на овогодинешното издание на регионалниот „Икс-фактор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.










