| четврток, 6 декември 2018 |

Роднини на ирачките војници упаднаа во парламентот

irak protestiРоднини и пријатели на припадниците на ирачките безбедносни служби кои се водат за исчезнати по офанзивата на групата „Исламска држава“, упаднаа во Парламентот во Багдад и организираа протест со седење.

Службите за борба со безредијата се обидуваат од зградата да ги извадат демонстрантите кои сакаат да знаат каква е судбината на нивните блиски роднини, кои им се предале на џихадистите, соопшти очевидец, кој во моментот на упадот се наоѓал во Парламентот.

Според него, демонстрантите ги искршиле столиците во парламентарниот ресторан, а нападнале и пратеници и службеници на Парламентот.

Околу 1.700 ирачки војници во јуни им се предадоа на џихадистите од „Исламска држава“. Групата потоа објавуваше снимки, на кои се гледаа егзекуции на десетици лица во цивилна облека.

Парламентот денеска требаше да расправа за оваа тема, но демонстрантите се појавија пред почетокот на седницата, која потоа се одложи за утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top