ОВЕН – Други луѓе и многу обврски поврзани со нив ве очекуваат во текот на овој месец. Оние со деца, ќе се занимаваат со нивните потреби. За останатите со знак или подзнак во Овен, ова е месец на љубов и романтични, ама и конкретни љубовни настани. Посебно во деновите околу 10 септември, како и на 24 и/или 25 септември. Ќе се појават и некои непредвидливи ситуации, а поврзани со учење или странство. Ќе вложувате дополнителна енергија на тоа поле, за да расчистите некакви лаги или недоразбирања, загубени документи, и слично.
БИК – Активно ви е полето на партнерство и љубов, па искористете ги позитивните вибрации на ѕвездите. Сепак, внимателно во деновите околу 9 и 13 септември, кога е можно некаква кавга која ќе искрсне од недоразбирање, или пак поради лага искажана без намера да навреди, и слично. Посебно убав ден ќе ви е 21 септември, кога е можно да се случи некакво зацврстување на односите со партнерот/ партнерката. Во најмала рака, ако односот бил избувлив, ќе се среди. Крајот на месецот ќе ве дочека во зголемени обврски на работа или по дома.
БЛИЗНАЦИ – На 13 септември Марс влегува во вашето поле на партнерски односи и други луѓе, а тоа за вас може да донесе вложување на поголема енергија да ги задржите односите хармонични, или пак едноставно нервозни ситуации поради други луѓе. Се препорачува внимателност во сите контакти, бидејќи несакајќи ќе ги провоцирате другите на кавга, и посебно во деновите околу 13 и 22 септември. Лесно до пари овој месец, или поинаку кажано – парите ќе ги заработите на пријатен начин, со работа која ќе ви претставува задоволство да ја завршите. Нагласени се и обврски по дома, посебно во првата половина од месецот.
РАК – Пари, љубов, забава, контакти со многумина, за работа или за дружење – тоа ќе се клучните интереси за вас во текот на месец септември. Кон крајот на месецот ќе се чувствувате заморени од сите обврски, кои можно е дури и да се зголемат. Како и да е, ќе се чувствувате како притиснати или „заробени“ од сè она што треба да се стори во текот на денот, па ќе се обидете да избегате или да ги заборавите обврските преку зачестена комуникација со пријателите и роднините на некои весели теми.
ЛАВ – Заработување или како да се дојде до поголема сума пари е вашиот интерес овој месец. На неколку наврати ќе добиете поголема или непланирана сума, можеби хонорар. Како и да е, некои трошоци, планирани или не, ќе ви однесат и добар дел од тие пари. Во деновите околу 13 септември ве очекуваат некакви дополнителни обврски со деца: од трошење пари до разрешување на некакви недоразбирања. Крајот на месецот ќе ве дочека во движење, на пат, на улица, во зачестена комуникација, излегувања но не само заради забава, туку и заради завршување на потреби. Љубовта ви е стабилна во овој период.
ДЕВИЦА – Сонце и Венера шетаат низ вашиот знак, и ќе направат неколку убави аспекти. Тоа за вас драги Девици значи исполнување, стабилизација, добри односи со околината и слично. Со парите ќе ви оди лесно, неколкупати ќе имате можност за дополнителна заработувачка, но ќе доживеете и спротивставување за некоја сума: некој ќе си го побара својот дел од сето тоа, посебно во деновите околу 9 и 13 септември. За љубов, 10 септември е ден кога ќе треба да се справите со некоја лага, или ќе решавате недоразбирање со партнерот/ партнерката.
ВАГА – Меркур ќе минува низ вашиот знак од 2 до 27 септември, а тоа за вас значи дека ќе бидете позборлести од вообичаено. Сепак, внимавајте на договорите, преговорите или потпишувањата, бидејќи постои можност да не ви се познати сите детали. Во деновите околу 13 септември, некој ќе ве повлече да донесете одлука или да преземете активност што не ви била планирана. Што се однесува до љубовниот живот, комуникацијата со партнерот ќе е поактивна, од било која причина. Можно е вашиот партнер/ партнерка да има потреба што треба да биде завршена со ваша помош, па време е да се вклучите.
СКОРПИЈА – Полека но сигурно фокусот на вашите мисли се префрла од работата на забави, дружења, пријатели и сè што е поврзано со големи здруженија. Ако барате работа, ќе најдете во голема или државна фирма, или пак во некакво здружение. Ако не барате работа, сепак може да се вклучите во активности во кои ќе сте потребни како дел од екипа. Од љубовните настани, можни се викенди крај вода, романтични вечери, или мешање на другарство и љубов. Како и да е, овој месец нема да бидете сами, ниту осамени.
СТРЕЛЕЦ – Марс влегува во вашиот знак на 13 септември, а тоа за вас ќе донесе зголемено ниво на енергија. Ќе бидете поактивни, како некој да ви дотурил бензин. Ако ве интересира спортот, сега е време да бидете поактивни. Комуникацијата со партнерот/ партнерката како и со пријателите ќе ви биде клучна во овој месец. Ако не сте го сториле тоа до сега, време е да поразговарате и да се договорите пријателски за сè да тече хармонично, бидејќи ѕвездите ви се наклонети. Кон крајот на месецот, ќе ве заинтересира личност што живее подалеку од вас.
ЈАРЕЦ – Она што стагнирало од април до сега, она за што не сте наоѓале доволно храброст или енергија да го завршите, а зависело од вас, сега ќе е време да го завршите. Овој пат ќе знаете како и што треба да се стори, ќе најдете и енергија, и време, и сè што треба за да ги истуркате работите кон позитивен исход. Туѓи пари ќе ви се на располагање, а тоа значи ќе наплатите заостанат долг, или ќе земете позајмица. Комуникација со некој во странство или преку интернет ќе ви донесе некакво олеснување, можеби и решение на некој ваш проблем.
ВОДОЛИЈА – Нагласени ви се партнерските и пријателските односи, како и туѓи пари. Ќе добиете дополнителна сума пари, но ќе треба да се потрудите и сами да стигнете до неа. Посебно нагласени датуми за такво нешто се 18 и 25 септември. Во контактот со пријателите ќе треба да покажете дипломатија, бидејќи ова ќе е период кога вашите пријатели ќе ви ги прераскажуваат своите нервозни ситуации. Ако можете да помогнете со совет, добро, но ако не можете со совет, не нудете пари за да се заврши нечија работа, бидејќи ќе останете без таа сума. Од партнерот/ партнерката ве очекува подарок, а може да е и во вид на платено патување.
РИБИ – Љубовта ќе е двигател за вас во овој месец, но и комуникацијата со сите ќе ви биде хармонична. Врските кои се започнати од скоро, сега ќе се стабилизираат. Некои парови веќе ќе започнат разговор за заедничко живеење, а други пак ќе преземат некаква друга заедничка инвестиција. Ако очекувате некакво потпишување, документи за работа или пари, ќе се случи во деновите околу 13 септември. Од 22 септември подгответе се да вложите дополнителна енергија на работа или во врска со проектот со кој сте ангажирани, бидејќи ќе се појави потреба да разрешите некои неправилности или недоразбирања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


