| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за поранешен директор на основно училиште

СВР Битола поднесе кривична пријава против 57-годишниот И.Б. од Битола, вработен како наставник по физичко воспитување во ОУ „Елпида Караманди“, поранешен директор на училиштето за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Пријавениот како директор на основното училиште во периодот од 2010 до 2013 година, искористувајќи ја службената положба и овластување склучил девет договори и одобрил средствата добиени како приход од издавање на спортската сала под закуп која е во сопственост на училиштето, на физички и правни лица за вкупен износ од 72.500 денари да се уплатуваат на жиро сметка на друг правен субјект Здружение УСК „Елпида Караманди“ чиј претседател е неговата сопруга.

Исто така, пријавениот без да склучи договор за закуп на спортската сала и без никаков надомест на Д.Д. да ја користи спортската сала за фитнес вежби и овозможил стекнување на приход во износ од 150.000 денари кој се остварувал со наплата на чланарина од членовите на фитнес клубот кој во тој период не бил регистриран како правно лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top