Србија ги зголеми количините на злато во девизни резерви од 14,9 на 17,2 тони во изминатите две години, објавија српските медиуми. Народната Банката на Србија (НБС) изминатите години не продавала злато од девизните резерви, туку го зголемувала.
– Од избивањето на финансиската криза имаме изразен т.н. „save haven“ ефект на златото (сигурно засолниште за вложување), така што кај централните банки имавме тренд на раст на учеството на овој благороден метал, изјави Давид Малиш, директор на Одделението за управување со девизни резерви на НБС.
Златото во девизни резерви служи како заштита од инфлација на долг рок, овозможува намалување на ризикот за девизните резерви, но е и гаранција за доверба во централните банки, особено во време не несигурност.
Во регионот, според извештајот на Светскиот совет за злато за 2014 година, Србија е на трето место со најголеми резерви на злато. На прво место е Грција, која во резерва има 112 тони златни прачки, а на второ е Бугарија со 40 тони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


